Променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град, вклучувајќи ја и Скопската котлина.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 29 степени.

УВ индексот ќе изнесува 6.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Поизразена нестабилност ќе има за време на викендот, кога локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и можна појава на град.