На автопатот А1, делница Демир Капија – Миравци од денеска до 8-ми овој месец во период од 8 до 17 часот ќе биде воведен променет режим на сообраќај.

Причина за променетиот режим на сообраќај се изведување градежни работи при поставување индуктивни јамки за броење возила.