На регионален пат Р1103, делница Неготино-Кавадарци, денеска ќе има промена на режимот на сообраќај, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Причина за промената се најавените градежни активности од страна на Виадукт Тредј ДООЕЛ за поставување индукативни јамки за броење на возила на тој дел од патот.