Општината Крушево аплицира до Светска банка за реконструкција на три од поголемите улици во градот Крушево и се очекува овој проект да почне со реализација напролет. На територијата на општината во изминатата 2019 година се санираа над десет улици, со вкупна должина од два километри, додека од март 2018 година до денес се реконструирани над четири километри локални улици.
При санацијата на улиците, јавното комунално претпријатие „Комуна“ имаше голема асистенција од страна на локалните жители, а целта беше да се спасат од газењето кал и прашина.

Покрај санацијата на локални улици, општината Крушево во 2019 година почна со асфалтирање на патот од Гумење до Крушевско Езеро, се асфалтира пат до селото Јакреново и започна реконструкција на патот до селото Саждево.
– Минатата година општината Крушево работеше на два патни правци од меѓуопштински карактер. Се изгради асфалтен пат од Борино до Житоше (општината Долнени) и општината целосно го реконструира патот од селото Бучин до селото Воѓани. За двата меѓуопштински патишта локалната самоуправа оствари одлична соработка со градоначалниците на Кривогаштани и Долнени – информираат надлежните од Крушево