КРИВА ПАЛАНКА

Во рамките на Проектот за поврзување локални патишта, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Крива Паланка аплицираше со проект за надградба на локална улица до новите градски гробишта, во Општина Крива Паланка. Патот има вкупна должина од 712,11 м (вклучувајќи крак 1 со должина од 192,99 м, крак 2 со должина од 59,71 м и дел од паркинг 459,41 м) и ширина од 3,5 м. Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овој проект.

– Единицата за имплементација на проектот, во согласност со политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска банка, односно рамката за животна средина и социјални аспекти – стандард за животна средина и социјални аспекти 10, воведе механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно – велат во Општината.

Оттаму додаваат дека како дел од спроведувањето на проектот, Општина Крива Паланка пред започнувањето на градежните работи е обврзана да ги информира јавноста, локалното население и преостанатите засегнати страни дека можат да активно да учествуваат преку механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните ќе можат да го сторат тоа преку два документа, и тоа: механизам за жалби и поплаки преку примање жалби и поплаки и нивно процесирање и решавање и образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.