Во рамки на проектот „ГОРДОСТ 1 – Зачувување на ромскиот јазик преку употреба на онлине речник?“ деновиве во Битола се одржа состанок со партнерите „Jugendstil“ од
Германија, „BARIKANIPE“ од Скопје, „PANOSER“ од Грција, „HEEDA“ од Унгарија и библиотеката „Димитрије Туцовиќ“ од Србија.

На состанокот се разговараше за резултатите од анкетата што учесниците ја спроведоа изминатите месеци, за тековните активности и идните чекори, кои треба да се преземат за реализација на овој проект.

Проектот е во рамките на клучна акција 204 – Стратешки партнерства за образование на возрасни, финансиран од Македонската агенција за европски програми и мобилност преку Епреку Еразмус + програмата на ЕУ.

Битолската библиотека е прва културна установа која реализира Еразмус + проект во нашата држава.

Следниот состанок ќе се одржи во ноември 2021 година во Грција. М.М.