Продолжува соработката со Европската асоцијација за локална демократија АЛДА и
општина Новаци. Градоначалникот Стевановски оствари средба со Катица Јанева,  директорка на канцеларијата на АЛДА во Македонија со која разговараа за понатамошните проекти и соработики на овие две институции кои имаат долгогодишна соработка и многу реализирани проекти.

– Разговаравме за вклучувањето на општина Новаци во проектот „Европска ознака за
извонредност на управувањето ЕЛОГЕ“ која како алатка нуди начин за мерење на
усогласеноста на работата на општините со 12 начела за добро демократско управување на Советот на Европа – рече Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.

„Европска ознака за извонредност на управувањето (ЕЛОГЕ)“ е признание за
достигнувањата и инструмент за општините да ги разберат нивните предности и подобрат нивните слабости.

– Европската асоцијација за локална демократија – АЛДА е носител на акредитацијата од Советот на Европа за спроведување на проектот „Европска ознака за извонредност на управувањето (ЕЛОГЕ ) во Северна Македонија“. Проектот има за цел да ги подржи
единиците на локалната самоуправа да ги подобрат своите стандарди и да обезбедат
висококвалитетни услуги во рамките на локалната самоуправа. АЛДА, како акредитирана организација ќе го спроведе проектот во одреден број општини а една од нив сакаме да биде и општина Новаци и да и се придружи на другите десетина македонски општини кои ќе бидат избрани да учествуваат во овој проект – рече Јанева.

Европската ознака ЕЛОГЕ се доделува на општини кои постигнале ниво на добро
управување според стандардите одредени од Советот на Европа.

Општина Новаци и АЛДА во досегашната еднодецениска соработка работеле на неколку
проекти со Регионот Нормандија, Франција на тема меморијален туризам и Прва светска
војна, проект ЕУ за тебе и слично. М.М.