ГЕВГЕЛИЈА

На јавното наддавање за отуѓување градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, на подрачјето на Општина Гевгелија, одржано на 20 мај, се продадени 10 градежни парцели наменети за домување во куќи, информираат во Општината.
– За 10 парцели, од кои пет се наоѓаат на месноста Моински Пат, а преостанатите пет на м.в. Караорман, во законскиот рок се пријавиле вкупно 40 понудувачи, од кои на 39 им биле прифатени пријавите, а само една е одбиена. Парцелите, чија почетна цена изнесуваше 61 денар за квадратен метар, на електронското јавно наддавање достигнаа цена од 750 до 2.230 денари за квадратен метар. Или, вкупна цена од 5.623.238 денари – велат оттаму.

По спроведената постапка за јавното наддавање, Комисијата надлежна за водење на постапките за јавно наддавање на градежно земјиште изготви поединечни записници за сите десет парцели и истите тие електронски им ги достави на сите учесници на јавното наддавање.

– По изминување на законскиот рок од три дена по добивањето на записникот од аукцијата, доколку нема поднесено приговори од учесниците, во согласност со Законот за градежно земјиште, ќе продолжи постапката за отуѓување на предметното земјиште – додаваат во Општината.

Инаку, Општина Гевгелија објави продажба и на една градежна парцела за домување во станбени згради, која се наоѓа на м.в. Моински Пат. Почетната цена по квадратен метар за парцелата за домување во станбени згради изнесува 2.570 денари.
– Пријавувањето на заинтересираните правни и физички лица за учество на јавното наддавање трае до 31 мај, 2021 година. И тоа, по електронски пат на следната интернет-страница: www.gradezno-zemjiste.mk. Јавното наддавање за градежната парцела за домување во станбени згради ќе се одржи по електронски пат, на истата интернет-страница, на 2 јуни, 2021 година, со почеток во 9 часот – информираат во Општината.

Во врска со досегашната вакцинација во градот, директорката на Општата болница со проширена дејност, истакна дека во пунктот во Здравствениот дом се вакцинирани 2.000 граѓани, кои ги примиле двете дози од вакцините на „Астра Зенека“, „Фајзер“ и „Синофарм“.

Уредувањето на Регионалниот вакцинален пункт го изврши Општина Прилеп, во соработка со прилепската болница, средното училиште „Ѓорче Петров“ и Црвениот крст, како и со општествено-одговорните компании од градот, „Комфи Ангел“, „Витаминка“, „Гентерм“, „Прилепска пивара“, „Мермерен Комбинат“, „Крин КГ“, „Фимар Балкан“ и „Кули“.