Прилеп од 12 до 15 јули ќе биде средиштето во земјата. Ќе се одржи годинашното издание на фесгивалот „Пиво фест“. Четири дена, велат организаторите, ќе
има многу забава, а ќе се јаде и вкусна скара.

Ќе настапуваат Дани, Тони зен и Џајковски во четвртокот на 12, во петокот на 13 јули се Дарио, Ван Гог, Црвена јабука и ДЏ Мосел, додека саботата е резервирана за настапите на Фортисимо бенд, Некст тајм, Џенан Лончаревиќ и Жељко Јоксимовиќ. Последниот ден е резервиран за настапите на Александра Јанева, Либеро бенд, Милица Тодоровиќ и Шабан Шаулиќ.

Фестивалот ќе се одржува во центарот на градот на површина од 4.176 метри
квадратни, со 29 локации, а посетителите ќе можат да вкусат скара и да пијат повеќе
видови пиво.

Организаторот, од фирмата „Ентфинити“ од Скопје ветува одлична забава, но
повикува на еколошка свест и зачувување на животната средина.

Општина Прилеп за фестивалот одвои 2,5 милиони денари, а градоначалникот
Илија Јованоски вели дека целосно се подготвени за Пиво фест 2018. Ветува безбедна
организација, квалитетна храна, хигиена, чистота во градот, и намалена цена за
паркинг од 50 денари, наместо 100 денари.

Ка.М.