Прилеп викендов е домаќин на  18.  интернационална изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ 2018“, во организација на прилепското кинолошко друштво.  Пријавени се над 430 кучиња од преку 20 земји, меѓу кои од:  Србија, Бугарија, Грција, Романија, Австрија, Унгарија, Шветска, Косово, Италија, Франција, Чешка, Словачка, Хрватска,  како и од повеќе градови во државава.

Изложбата ја отвори градоначалникот Илија Јованоски, посакувајќи им добредојде и фер натпревар на сите сопственици чии што домашни миленици се учесници во оваа изложба.

–  Задоволство е да се присуствува на денешната 18-та меѓународна изложба на расни кучиња што традиционално се одржува кај нас. Особено ми е мило што има учесници од цела Македонија, но и од многу земји. Прилеп со оваа изложба зазема значајно место на кинолошката мапа во Европа, затоа оваа манифестација треба да продолжи да ја негува традицијата – рече Јованоски.

Според претседателот на прилепското кинолошко друштво, Марјан Тренкоски во оваа изложба учествуваат расни кучиња од над 20 европски држави.

– Прилеп е еден од најстарите градови со традиција за одржување на вакви кинолошки манифестации. Значењето на оваа манифестација за градот е големо – изјави  Тренкоски.

Голем дел одгледувачи на расни кучиња учествуваат повеќе години.