Фото: Зоран Антоски

Во соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија, Црвениот крст и волонтерите од Кичево, деновиве подарија 160 прехранбени пакети на исто толку социјално загрозени ромски семејства и лица од ранливи категории, припадници на оваа заедница.

Пакетите ги сочинуваат зејтин, брашно, тестенини, ориз, шеќер и други неопходни прехранбени артикли и овој хуман потег барем накратко им го разубави животот на овие семејства од ромската популација.

– Во изминатите неколку дена од страна на Општинската организација на Црвениот крст и волонтерите од нашиот град, во соработка со Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ на 160 ромски семејства им беа доделени прехранбени пакети. Во групата на семејства кои имаа приоритет за овие пакети беа семејства од социјално загрозени категории. Списоците на овие семејства беа сочинети со помош на претставници од ромската заедница, за да може поделбата на пакетите да биде крајно транспарентна и праведна. Овие пакети содржеа брашно, шеќер, зејтин, ориз тестенини и други неопходни продукти – истакна Бесник Селими, секретар на Општинската организација на Црвениот крст од Кичево.