Околу 150 средношколци од Преспа, кои своето образование го продолжиле во Битола  денеска, втор ден не отидоа на настава поради немање бесплатен превоз. Учениците од селата Јанковец и Златари со овој проблем се соочувале од почетокот на учебната година, бидејќи немале платен превоз до Ресен и сами се снаоѓале.

Превозот за овие ученици го обезбедува општина Битола, со средства од Министерството за образование и наука.

Општина Ресен информира дека градоначалникот Живко Гошаревски разговарал со неговата колешка од Битола Наташа Петровска за надминување на проблемот.

– Проблемот во скоро ќе биде решен. Градоначалникот разговараше и со родителите на средношколците и им укажа дека ќе се надмине проблемот – соопшти општина Ресен.

Доколку проблемот не биде решен родителите се закануваат со порадикални мерки.