Денеска во посета на Битола ќе претстојува премиерот на Владата, Зоран Заев.

Заев за времена посетата на Битола ќе го посети Офицерскиот дом, за да види како се одвиваат работите за негова реконструкција, а подоцна ќе го посети најголемиот електро енергетски комбинат во државата, РЕК „Битола“, каде што заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и менаџерскиот тим на Комбинатот, свечено ќе ги предаде во употреба новите шест еколошки автобуси кои ЕСМ ги набави за превоз на своите вработени.

М.М.