Прекин на сообраќајот денеска ќе има на патот Пршовце – Јегуновце поради негово асфалтирање, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, информираат од АМСМ.