Гостиварското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ за утре најави повеќечасовен прекин во снабдувањето со вода за пиење на дел од градското подрачје. Причината како што наведуваат од таму е санирање на дефект.

– Прекинот е заради изведување поправки на цевководот во близина железничката станица. Планирано е прекинот да трае до пладне, односно до оспособување на цевководот. Во овој период дел од корисниците во градот кои се снабдуваат со вода од градскиот водовод, нема да добиваат вода – информираат од ЈП Комуналец.

Покрај тоа, за утре се планирани прекини во снабдувањето со вода за пиење на целото гостиварско подрачје.

– Тоа е планирано да почне од утринските часови. Прекините ќе бидат во функција на пробно пуштање во работа на пречистителната станица и подготовките за редовно снабдување со филтрирана вода. Од овие причини бараме разбирање од граѓаните – потенцираат од ЈП „Комуналец“.