Здружението на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“, денес имаше презентација на два прирачника за овие лица, а слушатели на презентацијата беа просветните работници од кичевските основни училишта и училиштата во општината.

После Гостивар, Кичево е вториот град каде се врши презентација на овие прирачници и, истата ќе продолжи и во другите градови каде се образуваат и работат лица од мешан етнички состав.

– Нашата денешна презентација имаше за цел да ги промовира двата прирачника за инклузија во образованието. Овој е проект на „Дајте ни крилја“ ресурсен центар.„Полио плус-Маргина Обскура“, се вика една организацијата која опфаќа повеќе здруженија меѓу кои и „Дајте ни крилја“. „Маргина Обскура“ преку Поли плус аплицираше во европските фондови , за ние да добиеме дел од овие средства, да го направиме овој проект кој на нив им се виде добар.Проектот се состои од два прирачника од кои едниот е општ дел инклузија во образованието, а вториот прирачник е практичен дел за лица со попреченост.Таму има примери,графикони,па и портали, од кои наставниците можат да добијат подетални информации – рече претседателката на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески.

Во продолжение преседателката Јанкоска-Ристески додаде, дека таргет во оваа акција се средините каде што има мултиетничко општество, граѓани од други националности, акцент е ставен на албанското население, затоа што дојдовме до заклучок дека меѓу албанското население постои поголема стигматизација, или потешко ги прифаќаат овие деца во системот на образованието, и дека на овие наставници им треба поголема едукација.

На присутните на оваа презентација им се обрати и претставничката на донаторот ОБСЕ, Софи Бумо, раководител на програми. З.А.