Денес и официјално во употреба беше предадена реновираната зграда од Даночното одделение на Управата за јавни приходи-Кичево.

На овој чин присуствуваше и директорката на Управата за јавни приходи на РМ Сања Лукареска, која изврши обиколка на реновираниот објект и посочи, дека Даночно одделение Кичево доби модерен и пред сè функционален простор кој е реновиран со сопствени средства на УЈП во износ од 4 милиони денари. Целокупниот објект опфаќа површина од 264 метри квадратни и 130 метри квадратни подрумски простории. Комплетно е променета електричната, водоводната и канализациската мрежа и истиот има нова енергетска фасада, пристапна рампа за инвалиди, нов покрив, а двориштето е хортиклутурно уредено.

Инаку овој објект пред десетина години беше во исклучително лоша состојба, а во еден период во него престојуваа и семејства и лица кои немаа покрив над главата. Даночното одделение Кичево има 28 вработени и го опслужува регионот на Општина Кичево.

Зоран Антоски