Денеска во општината Битола, општинското раководство со своите служби ги почна преговорите со доверителите кои имаат ненаплатени побарувања од локалната самоуправа.

Според информации на „Нова Македонија” некои од доверителите, кои имаа помали побарувања прифатија да се откажат од каматите и 15 отсто од главницата, како што предвидува Законот за да имаат предност при исплатата, но голем број доверители, особено тие што побаруваат (по)големи износи, останаа на својот став да не се откажуваат од побарувањата и истите да ги налатат по судски пат.

Како што дознаваме авто превозниците, кои имаат најголеми побарувања од училиштата за „бесплатниот превоз“ не прифатија да се откажат од побарувањата и не ги прифатија условите од новиот Закон.

Според тоа училиштата кои најмногу должат кај превозниците и по новиот закон нема да се раздолжат и ќе останат должници со блокирани сметки.  М.М.