На Економскиот факултет од Прилеп денеска со првиот академски час започна новата учебна година. Факултетот ја прими новата 58-ма генерација на студенти кои во наредните четири години ќе се стекнуваат со знаења од областа економската наука, менаџментот, бизнисот и информатичките технологии.

Новиот декан на факултетот проф. д-р Драгица Оџаклиеска посочи дека на Економскиот факултет веќе шест децении е респектабилна образовна установа од својата бранша. Според неа најинтересни студиските програми биле за сметководство и финансии и банкарство и фиинансии. Годинава ќе имало 200 бруцоши, а вкупно на факултетот студираат над 800 студенти.

Според ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Сашо Коруноски, на студентите на Универзитетот им се озвозможува да стекнуваат нови знаења и да бидат задоволни од образованието.

На Првиот академски час присуствуваше и заменик министерот за образование, Петар Арсов, кој посочи дека целта на Министерството и на Владата е квалитетно образование и унапредување на стандардот на студентите.

К.М.