Фото: Зоран Антоски

Утринава во 8 и 30 часот во кичевската болница се случи првото породување во 2021 година. На свет дојде здраво машко дете тешко 2 килограма и 150 грама.

Според информациите од гинеколошкиот одел, породувањето поминално без проблеми и за најдоцна два дена родилката и новороденчето ќе биде пуштена од кичевската болница.

Во изминатите години забележлив е намален број на породувања. Така во минатата година на овој оддел се родија само 144 новороденчиња, во 2019 година нивниот број изнесуваше 174, додека во 2013 година на овој оддел се родиле дури 340 деца. Оваа споредба е најсликовит пример за намалениот број на породувања во кичевската болница.