Доколку сте жртва на насилство или познавате некој што трпи насилство, но нема храброст да го пријави тоа, побарајте поддршка и информирајте се за своите права на фејсбук-страницата Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела’, на интернет-страницата www.pristapdopravda.mk или на поважните телефони за помош и поддршка: 075/235-837 или 071/277-180 02/3220-870 или 02/3290-180. Ваквата поддршка е овозможена преку проектот ,,Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела“, спроведуван од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со „СОС – детско село“, а финансиран од Европската Унија преку македонското министерство за финансии на Македонија – Сектор за централно финансирање и склучување договори.

Официјалниот постер на проектот и сите потребни информации се изложени на неколку локации во градот Крушево и во зградата на општината Крушево. Инаку, од Македонското здружение на млади претставници ја посетија општината Крушево и споделија корисни информации за правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела.