Општина Новаци и годинава доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 6.000 денари. Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новите ученици во семејството.

– На првата седница на Советот на Општина Новаци донесовме одлука паричниот  надомест за прваче кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината, од 5.000 денари да го зголемиме на 6.000 денари. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете. Иста таква одлука донесовме и за зголемување на паричниот надоместок за новородено дете кое сега е зголемено на 6.000 денари – рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Родителите на сите првачиња запишани во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци можат да поднесат барање за еднократната парична помош во висина од 6.000 денари. Во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци во учебната 2021/2022 година се запишаа
вкупно 24 првачиња.

Досега се исплатени 114.000 денари, согласно поднесените барања за 19
првачиња, додека останатите пет барања треба да се докомплетираат со документација и истите ќе бидат проследени на исплата. М.М.