По петти пат во Прилеп се одржа Бадниковата поворка во која учествуваа повеќе од 60 деца, кои носејќи ја макетата на пештерата во која се родил Исус Христос прошетаа низ градот. Поворката тргна од црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис и пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ се прошетаа низ чаршијата и прилепскиите улици.

Дел од децата учесници посочија дека им било чест што се дел од поворката и дека навистина убаво се чувствувале.

Свештеникот Веле Спиркоски од црквата Св. Кирил и Методиј, посочи дека оваа стара традиција полека се возобновувала кај народот. При тоа додаде дека со ваквите иницијативи тие како црква се бореле против паганските елементи во одбележувањето на одредени празници и го покажувале вистинскиот начин како тие треба да се празнуваат.

Собраните парични средства ќе бидат донирани на социјално загрозениите семејства. Ка.М.