Поштенска историја на Македонија од 1843 од 2010 – поштенски жигови

Докторот по историски науки Бранислав Светозаревиќ Покорни од Тетово ја издаде
својата десетта книга насловена „Поштенска историја на Република Македонија-поштенски жигови од 1843 до 2010 година“. Тој во книгата има поставено 1.600 фотографии на жигови од 1843 до 1970 година кога се стандардизираните овие поштенски елементи.

– Книгата е плод на сопствената филателистичка збирка, колекции на други колеги, како и друг вид архивски материјал собиран од 1991 година, досега, или 27 години. Поштенските жигови во филателијата се како посебни дисциплина, едни од најтешки за собирарање. Оваа книга е прва од таков вид во Македонија – вели Светозаревиќ.

Со поштенските жигови освен историјата на поштите се опишува и другите општествени моменти од минатото во Македонија.

– На територијата на Република Македонија во овој период регистрирав 555 пошти. Поради околностите на истражувањето потребно беше да се утврди и топонимија на одредени места односно села кои порано постоеле а сега ги нема на картатат на државата. Некои од нив прв пат ги среќавав, а имаше и пошти во села кои веќе не постојат – рече Светозаревиќ.

Д-р Бранислав Светозаревиќ, роден 1966 година научно истражувачката дејност ја врши во областите на историјата, архивистиката, музеологијата и културата. А.С.