Една од најфреквентните улици во Битола, која беше доста оштетена, денеска почна да
се реконструира. Станува збор за улицата „Тошо Даскало“, каде што е предвидена промена на мешовитата канализациона мрежа од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“, водоводни приклучоци кои ќе ги работат екипи на ЈКП „Водовд“ и поставување на нов коловоз.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска заедно со дел од тимот задолжен за реализација на проектот, беше информирана за динамиката на работа и зафатите кои
овде ќе бидат изведени.

Вредноста на оваа инвестиција од страна на Општина Битола е околу 11.500.000 денари. М.М.