Почна изградбата на новиот градски пазар во Виница. Премиерот, Зоран Заев, кажа дека како еден од најзначајните капитални проекти за граѓаните на општината и за сите околни места, изградбата на градски пазар во Виница е од интерес и за регионот бидејќи, како што рече, неспорно е дека се создава пазаришен центар кој ќе биде од интерес на земјоделските производители и трговците од целиот регион.

– Станува збор за изградба на градски пазар кој има покриен и отворен дел и кој сега станува реалност иако беше претходно повеќе пати ветуван – истакна Заев на настанот во Виница.

Забележлива посебност на проектот за градскиот пазар, додаде тој, е и неговата архитектонска вредност што ќе го направи објектот еден од најпрепознатливите во градот.

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, рече дека вредноста на овој капитален проект изнесува 29 милиони и 300 илјади денари, истиот ќе се протега на површина од 1.810 мeтри квадратни, на две нивоа, составен од отворен и затворен дел.