Неколку дена порано отколку што се планираше во Битола, ЈЗУ Центарот за јавно здравје денеска ја почна првата фаза од превентивната систематска дезинсекција за уништување на комарци.

Дезинсекцијата ќе се врши до 30 мај, во периодот од 19 до 2 часот по полноќ, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градското подрачје, периферијата на градот и речното корито на реката Драгор, предвидени со оперативниот план и програма доставени до локалната самоуправа. М.М.