Почна асфалтирањето на улицата „Партизанска“ во Битола. По завршувањето на инфраструктурните работи и промената на водоводната мрежа, како и канализацијата,
денеска градежната фирма БВ груп од Радовиш почна со асфалтирање на улицата „Партизанска“. Според збровите на изведувачот новиот асфалт на „Партизанска“ ќе биде поставен денеска и утре.

Инаку, реконструкцијата на ул. „Партизанска“ се одвива од потегот кај кружниот тек во Нова Битола, кај „Веро“ до раскрсницата со улица „Методија Андонов Ченто“,
во должина од 730 метри. Инвестицијата чини вкупно 581.000 евра, од кои 355.000 евра се средства од буџетот на Општина Битола, а 26.000 на Министерството за транспорт и врски. Реконструкцијата на „Партизанска“ почна на 18 јуни
оваа година. М.М.