Денеска на Муслиманските гробиша во Битола беше погребан познатиот битолски уметник и професор по уметност Зекман Ракиповски – Зеко.
Зекман Ракиповски, кој во последно време живееше во Охрид, трагично го загуби животот на 60-годишна возраст, во неделата на 8 март, во Охрид.
Начинот на кој го загуби животот треба допрва да го утврдат истражните органи, но од тоа што имавме можност да го слушнеме од неговата сопруга и портпаролот на СВР Охрид, по се изгледа се работи за несреќен случај.
Зекман Ракиповски, кој беше роден во преспанското село Наколец, со децении живеше во Битола. Подоцна тој стана човек кој буквално живееше на сите мердијани во светот, од Австралија, САД, Јапонија, Скопје, Битола, Охрид.
Настојувајќи да најде мир, последните години, откако се пресели од Австралија, живееше во Скопје, за да последните години пред неговата трагична смрт живее во Охрид.
Но иако живееше во Охрид, тој секој слободен момент го користеше да дојде во неговата Битола, каде ја помина својата младост.
По завршувањето на факултетот за уметност тој едно време предавше ликовна уметност во гимназијата „Јосип Броз Тито“, за подоцна да се пресели да живее во Австралија.
Но иако Австралија за сите беше и е ветена земја, тој не можеше без Македонија и Битола, па се врати да живее во Скопје, од каде патуваше низ цел свет.
Зекман Ракиповски беше еден од иницијаторите за отворање на факултетот за дизајн на ФОН, а имаше изложби и држеше предавања во цел свет.
Тој ќе остане запаметен како човек, уметник со уметничка душа.
Беше уметник во буквална смисла на зборот, како во професијата, така и во животот.
Последните години беше повремен соработник на Битолски весник и редовно пишуваше на теми од областа на уметноста и дизајнот.
М.М.