Според информација од семејството, утринава, на 84-годишна возраст во Клиничката болница во Битола, почина Коста Хаџи-Антоновски, идејниот творец на „Малиот битолски Монмартр“.

Хаџи-Антоновски веќе подолго време имаше кревко здравје и последните седум дена беше на лекување во битолската болница. Погребот ќе се одржи утре на Светонделеските гробишта. Тој беше познат и признат ликовен уметник и педагог кој едуцирал многу млади ликовни таленти, а некои од нив денес се врвни ликовни сликари.

Хаџи-Антоновски беше иницијатор за формирање на детското ликовно студио „Кирил и Методиј“ и идеен творец и организатор на „Малиот битолски Монмартр“.

М.М.