Во текот на изминатите неколку дена се изведуваат градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во населбата Рача и во селото Коњско.
– Со изградба на потпорните ѕидови им се решава долгогодишен проблем на жителите во двете населени места и се надминува опасноста од појавување на свлечишта – велат во Општина Охрид.
Овие градежни активности се дел од програмата за уредување на градежно земјиште во делот за изградба на потпорни ѕидови и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени вкупно 3,5 милиони денари.
Според планираното, во текот на наредниот период ќе се градат потпорни ѕидови и на уште неколку критични локации во општината.