Соработка на два проекта

Во општината Куманово на работна средба гостуваше делегација од општината Гнилане, а целта на посетата беше потпишување договори во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Косово и Македонија, од страна на градоначалниците Максим Димитриевски и Љутфи Азири.

– Потпишани се договори за два проекта: „Зајакнување на вредностите на културното и природното наследство“, кој ќе се имплементира во партнерство на општините Гнилане и Куманово, и „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област“, помеѓу регионалната компанија за снабдување со вода „Хидроморава“ од Гнилане и ЈП „Водовод“ од Куманово. Градоначалникот Димитриевски истакна дека проектите ќе придонесат за јакнење на прекуграничната соработка и подобри услови за живот на граѓаните од регионот и им посака успешна работа на тимовите на проектите и уште можности за нови проекти – информираат од општината Куманово.