Нов урбан простор за младите и за културни настани

Крива Паланка

Градоначалникот на општината Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, и евроамбасадорот Самуел Жбогар потпишаа договор за отворање европска куќа во Крива Паланка.

Европската куќа ќе биде урбан простор обезбеден од страна на општината, каде што младите ќе можат да се дружат, да учат, да се информираат и да ги споделуваат своите ставови и размислувања, да дискутираат, да гледаат филмови и да организираат разни други културни настани. Ова е нов простор, кој, всушност, е продолжение на долгогодишната соработка и партнерство помеѓу делегацијата на Европската Унија и општината Крива Паланка.