Нестбилно време проследено со пороен дожд и грмежи попладнево имаше во виничкиот регион, Гостиварско, Крива Паланка и во демирхисарското подрачје.

До крајот на денот, како што информираат од УХМР, се очекува постепено стаблизирање на временската состојба. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.  Во попладневните часови повторно ќе има нестабилна облачност проследена со  краткотраен пороен дожд и грмежи.  Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, а дневната од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје и околината времето предпладне ќе биде сончево, попладне  со услови  за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се двиќи од 12 до 28 степени.   

Во наредните денови продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.  Од  средината на наредната недела се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.