Во одделни куќи во Галичник регистрирани се штети по земјотресот во 15:25 часот попладнево, со магнитуда од 4,8 степени и епицентар во Кичево, кој беше почувствуван во повеќе градови и населени места низ државата.

– Би било пожелно сопствениците на куќите да ја проверат состојбата на истите и доколку има настанато штета, штетата да се пријави на надлежните институции – се вели на официјалната фејсбук-страница на Месната зедница Галичник.
Попладневниот земјотрес беше втор по јачина по утринскиот, кој беше со магнитуда од 5,5.

Земјотресот од пет степени според Рихтервата скала, кој рано утрово се почувствува во земјата, е нормална сеизмичка активност на раседот Дебар – Елбасан, а нови потреси, но со помал интензитет, се сосема очекувани – вели професорот Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени.