По повод Трети ноември – Денот на Прилеп

Наградите за животно дело постхумно за Тачко Локвенец и Драган Попоски
Дада, и за општествениот работник Илија Адамоски

Познати се добитниците на наградите Трети ноември, што ги доделува општина
Прилеп, а по повод Денот на ослободувањето. Комисијата за одбележување на значајни настани, личности донесе одлука наградите за животно дело -Златна плакета, да им бидат доделни постхумно на Драган Попоски-Дада – доајен на македонската современа скулптура, на починатиот новинар и публицист Тачко Локвенец, и на општествениот работник Илија Адамоски.

Наградите плакети Трети ноември, а за постигнати едногодишни резултати во
дејствувањето, на свечена седница ќе им бидат доделени на – Младост 96 – за
достигнувања во областа на спортот, Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР – за
постигнати значајни резултати и достигнувања за подобар живот во локалната заедница, на Здружението за правна едуација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т Прилеп – за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права и на фирмата МИНАС Прилеп за негување на занаетчиството.

Дипломи Трети ноември ќе им бидат доделени на Георги Стале Поповски за достигнувања во областа на книжевноста и преведувачката дејност, Блага Тутеска за достигнувања во областа на образованието и литературата, на Круме Пирганоски за достигнувања во областа на образованието и информатичката технологија, на Божана Тренческа за достигнувања во областа на литературата, на  Димче Велкоски за достигнувања во областа на воздухопловното, спортско и ракетно модуларство, на Пулексенија Јованоска за особен придонес во промоцијата на карате спортот во светски рамки и постхумно на Јовица Нешкоски-Фризерот за негување на фризерскиот занает.

Наградите ќе бидат врачени на свечена седница на Трети ноември.

Ка.М.