Околу 13 часот денеска изби голем пожар пред влезот во Струмица од Радовиш. Запалена е поголема површина шамак покрај патот, а сообраќајот го регулира полицијата за да можaт пожарникарите да го гаснат пожарот.

Во гаснењето на пожарот учествуваат три противпожарни возила на ТППЕ Струмица и 12 пожарникари.

Засега пожарот се држи под контрола и не се дозволува да се прошири.