Во станбена зграда во населбата „Венец 1“ во Дебар опожарен е стан, но благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица спречно е проширување на пожарот.

Од противпожарната единица потврдуваат дека станот се наоѓа на првиот кат од стамбената зграда бр. 16 која се наоѓа на излезот од градот на патот кон Струга.

Пожарот бил пријавен нешто пред полноќ, а поради големиот чад што се ширел во зградата, на станарите, од 22-та стана, колку што има, им било наредено да излезат, поради превенција, да не дојде до задушување.

Дел од станарите ноќта ја минале кај нивни роднини, додека дел се вратиле во становите негде пред изутрина.

Според првичните сознанија прична за пожарот е електричен уред (греалка) која била оставена во една од собите.