Фото: Зоран Антоски

За многу кусо време реката Треска ги покажа двете лица. Првото лице од речиси празна и беспомошна река сама да се бори со сушата, а второто лице кога обилните врнежи од дожд многу го наполнија нејзиното корито, што предизвика нејзино излевање и поплави во понските делови од полето и на објекти кои беа во нејзина непосредна близина.

Под налетот на надојдената вода беше поплавен и рибниот ресторан „Извор“ во село Манастрец, чии сопственици наместо гости утринава ја црпеа водата од својот локал. Но според сегашната состојба и заканите од високио водостој на реката, тие најпрво ќе мора да  почекаат да престане дождот, да падне водостојот на реката и потоа  да можат да ги санираат направените штети од водената стихија.

Оваа фотографија најсликовито зборува каква беше состојбата со ресторанот во текот на вчерашниот ден.