ГЕВГЕЛИЈА

Во општината Гевгелија во тек е акција за фарбање на 12-метарските столбови на канделабрите на булеварот Гевгелија. Исто така, во сите населени места се врши и сервисирање на јавното осветлување. Паралелно со оваа акција почнува и замената на дотраените ламби со штедливи лед-арматури. Предвидено е на булеварот Гевгелија да бидат променети постојните 250-ватни натриумови арматури со нови стоватни лед-арматури, со што ќе се постигне подобро осветлување и ќе се оствари поголема заштеда. Сервисирањето го врши фирмата „Пеливанов“ од Фурка, која на годинешното електронско јавно наддавање даде најповолна понуда.
За да има добро јавно осветлување, обезбедени се над 15 милиони денари. Во согласност со програмата за одржување на јавното осветлување во општината Гевгелија за 2021 година, одржувањето на уличното јавно осветлување се врши континуирано, а ангажираната фирма ќе интервенира и врз основа на пријавените дефекти од страна на граѓаните. Покрај ова, континуирано ќе биде вршена и замена на постојните и дотраени натриумови ватни светилки со штедливи светилки.