Преставници од Движењето против коцкање денеска на прес-конференција во Тетово уште еднаш ја потсетија Владата и другите институции и поединци за барањата од нивниот протест што на 21 декември се одржа на плоштадот во Тетово и што беше поддржан и од претставници на верските заедници ИВЗ и МПЦ.

– Остануваме на барањата што без резерва ги поддржа и народот и повеќе институции за преместување на сите објекти за игри на среќа најмалку на три километри од секое населено место, определување на пет отсто од добивката на коцкање за поправка на јавни објекти, училишта, градинки, библиотеки, болници и финансирање на здруженија и центри што организираат активности за рехабилитација на зависниците од коцкање како и развој на национална стратегија за образование околу социјалната штета што ја предизвикува коцкањето, рече Џемил Абдиу.

Тој упати апел до премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и неговата заменичка Ширете Елези како и до сите членовите на одборот и собраниската комисија за финансирање и буџет да внимаваат при носењето на законот што ќе ја регулира оваа област.

– Законот треба да ги заштити интересите на оние што ве донесоа на овие позиции – граѓаните, а вината ако биде донесен законшто ќе биде на штета на народот ќе ја носите вие со вашите 120 гласови во собранието. Ако донесете закон против општествениот интерес ќе ве сметаме како најголеми коцкари кои сеииграат со својата политичка судбина а за секоја ескалација на состојбите одговорноста паѓа врз вас, рече Абдиу.