Фото: Зоран Антоски

И покрај екстремно високите температури и големата суша што е присутна во земјава во текот на јули и почетокот на август, бројот на пожарите во најшумовитиот регион, кичевијата, е исклучително мал и, барем засега состојбата на терен е многу поволна, што ни беше потврдено и од командирот на ТППЕ Кичево, Горан Соколески.

– Летово можеме да се пофалиме со исклучително мал број на пожари, што не е и така честа појава во нашиот регион. Така, во изминатитот период регистрирани се само два пожара, гореше дива депонија кај село Србјани и сува трева и стрништа над село Туин, на планината Добра вода.

И во обата случаи со наша интервенција двата пожари се локализирани и нема опасност за нивно реактивирање и проширување. Инаку, на Добра вода низ годините се регистрирани повеќе слични пожари, што за нас вработените во професионалната  противпожарна служба и не е нова работа – вели Соколески.