Првиот годинешен снег пристигна во кичевскиот регион и на планиските превои се почуствува дека доаѓа зимата, бидејќи се создаде снежна покривка со дебелина од неколку сантиметри, и сите планини од овој регион со над 800 метри надморска височина побелеа. Снегот не создаде проблеми во одвивањето на сообраќајот.

– Иако врнежите од дожд беа слаби, сепак, и оваа количина воден талог ќе помогне да се намали опасноста од пожари, кои ги имавме и во претходните неколку денови во регионот помеѓу кичевската и бродска општина и очекуваме за оваа есен повеќе да не се соочуваме со нови пожари – информираа од РЦУК Кичево. З.А.