Фестивалот „Плетвар аутдор фестивал“ за првпат ќе се одржи од 28 до 30 август во селото Плетвар. Почетокот на фестивалот е в петок од 16:30 часот, а завршницата е в недела со логорски оган и културно-забавна програма. Ова беше посочено на денешната прес конференција одржана од организаторите.
– Дел од активностите за овој настан се искачување на врв Козјак (1747 метри) и посета на пештерата Дуова, кратка планинарска тура за почетници, велосипедска тура, слеклајн, стреличарство, игри во природа и скриено богатство за најмалите, сини часови јога, качување и спуштање со јаже, планинско трчање итн…- вели Дарко Неданоски од спасителната служба „Златоврв“ Прилеп, потенцирајќи дека ќе се изврши промоција на оваа служба.
Целта на овој настан, вели Ана Плетварец, е да се воведат младите во нови спортови и активности.
– Сакаме да ја пробудиме љубовта на младите за природата, да го збогатиме нашето катче со искуства со нови и повозбудливи, и се разбира да се забавуваме – посочи Плетварец.

Освен спасителната служба „Златоврв“ организатор е и Извидничкиот одред „Феникс“.

Ка.М.