Фото: Зоран Антоски

Здружението на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“ од Кичево денес организираа пикник за овие деца во село Осој, каде децата во друштво со нивните придружници, направија прошетка во блиската околина, играа фудбал, се веселеа и дружеа, а на крајот пикникот заврши со заеднички ручек во дворот на црквата „Света Петка“ во село Осој, најстарата црква во ова село.

-За да им го разубавиме денот на децата со пречки во развојот, нашето здружение, денес организира пикник во кругот на црквата „Света Петка“ во село Осој. Најпрво децата ги прошетавме во блиската околина, игравме фудбал, ја посетивме и црквата„ Света Петка’, каде во нејзиниот двор организиравме и заеднички ручек, збогатен со скара, салати, јагнешко печено, убав муабет и се договоривме ваквите дружби да продолжат и на други локации во непосредна близина на Кичево и да станат традиционални. Расположението на овие деца на разделбата, беше најдобра потврда дека од денешната дружба се презадоволни и среќни се вратија во своите домови- истакна Алексо Тришоски, хуманист и помагател на децата со пречки во развојот.

Зоран Антоски