Ако не беше битолската публика немаше да бидам ни јас она што сум. Затоа ви благодарам и ви се поклонувам, рече актерот Петар Мирчевски – Пепи при примањето на наградата 4 Ноември за животно дело, што му беше врачена во новототворениот Офицерски дом во Битола.

– Чест ми е што го добивам ова високо признание за животно дело. Горд сум што можев на својот мајчин македонски јазик да го промовирам мојот матичен театар, Народниот театар од Битола, мојот град Битола и мојата земја Македонија низ многу земји
во светот. Му се заблагодарувам на моето семејство од кое секогаш имав голема
поддршка, но и на мојот театар, на мојот град Битола и на моите битолчани. Посебна
благодарност до битолската публика која ме следеше сите овие четири децении низ моите театарски, телевизиски и филмски оставрувања. Секогаш ме бодреше, поддржуваше и мотивираше да истраам во она што го работам – истакна Мирчевски.

Годинава за првпат не беа доделени награди за едногодишни остварувања. На свеченоста присуствуваше и новиот градоначалник на Битола, д-р Тони Коњановски.
Досегашната градоначалничка Наташа Петровска, присутите гости и добитникот на признанието ги почести со специјалитетот тикварник. М.М.