Согледувајќи ја состојбата со високите температури во земјата, Здружението на пензионери од Битола, денеска претпладне организира необична хумана акција за доделување вода на оние граѓани кои чекаа во редици да завршат одредени обврски.

За таа цел, претседателката на Извршниот одбор на Здружението на пензионери од Битола, Даница Петличкова и неколку пензионерки-волонтери, на граѓаните кои чекаа во редици пред банките им доделуваа шишиња со вода.

Ваквата хуманитарна акција на Здружението на пензионери ќе продолжи и натаму со цел граѓаните да не се доведат во состојба да почувствуваат тешкотии од големите горештини во нашиот град, велат од Здружението на пензионери Битола. М.М.