Нивото на Охридско Езеро е 23 сантиметри над дозволениот максимален водостој, а нивото на Дојранското три сантимери.

Според денешните хидролошки мерења, нивоата на реките не бележат поголеми отстапувања. Некои се пониски, а некои за одреден број сантиметри повисоки од просекот за мај.