Офицерскиот дом во Битола забрзано се реконструира, и тоа не само во внатрешноста, туку и во надворешноста на објектот.

Деновиве во одредени делови е поставена нова дограма, а се работи и на поставување на инсталационите системи и на репарација на ѕидовите. Паралелно се работи и на пропратните одводни и доводни системи.

Деновиве екипи на КЈП „Нискоградба“ интензивно работаат во надворешниот дел на Офицерскиот дом, поставувајќи нова атмосферска и фекална канализација, која ќе биде приклучена кон главната улична одводна каналска мрежа.

Според директорот на ЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски со атмосферската канализација, покрај надворешните води од објектот, ќе бидат опфатени и атмосферските води од партерното уредување.

За овие инфраструктурните зафати Општината Битола издвои 1,5 милиони денари сопстевни средства. М.М.