На Државниот натпревар во гаѓање со пиштол, што се одржа во Велес, во организација на резервните офицери на Македонија, екипата од Кичево се врати со две први и едно второ место и со одлични остварувања го заврши овој натпревар.

-На Државниот натпревар во гаѓање со пиштол, марка ТТ 9 мм, организиран од страна на резервните офицери од РСМ, остваривме извонредни резултати, со освоените две први и едно второ место. Нашата екипа во состав од Зоран Мирчески, Живко Ѓорѓиоски и Станоја Станојоски, го освои првото место во гаѓање со пиштол на растојание од 15 метри. Додека во истата дисциплина во поединечна конкуренција во која зедоа учество 130 резервни офицери од целата земја, нашиот претставник Зоран Мирчески, со 44 поени го освои првото место, додека Живко Ѓорѓијоски со 43 поени се пласира на второто место- истакна Зоран Никодиноски, Претседател на Здружението на резервни офицери од Кичево.

Зоран Антоски